Свет lauper_chicago_mag

9 декември, 2012

Синди Лопер со добротворен концерт во Њујорк

По огромниот успех кој го постигна со минатогодишниот хуманитарен концерт за помош на хомосексуалците, бисексуалците и трансексуалците бездомници, американската пејачка Синди Лопер и синоќа одржа уште еден ваков концерт во Бикон театарот во Њујорк. Концертот под мотото „Home for the Holidays“ минатата година собра значителна сума на пари за да им помогне на горенаведената целна група на млади луѓе во Њујорк, а синоќа на овогодинешното издание гостуваа и пријателите на Лопер, како што се Сара Меклаклен, Адам Ламберт (кој и самиот е хомосексуалец), актерките Вупи Голдберг и Рози О’Донел, Роберта Флек и многу други.

Со оглед на тоа што популарната песна „Girls Just Wanna Have Fun“ на некој начин стана и химна на геј заедницата, организацијата „True for Colors Fund“ на Синди се докажа дека е движечка сила која има цел да помогне околу ова чувствително прашање.

 



Врати се горе ↑