Аудио cyndi_lauper_shes-so-unusual-30th-anniversary

31 март, 2014

Синди Лопер слави 30 години од хитот „Girls Just Wanna Have Fun“

Поп иконата Синди Лопер одлучи повторно да го објави својот деби албум „She’s So Unusual“ со цел да го одбележи јубилејот 30 години од објавувањето, а фановите повторно ќе можат да ги слушнат хитовите како што се „Time After Time“, „All Through The Night“, „She Bop“, „Money Changes Everything“ и секако нејзината песна која беше прв сингл и го достигна врвот на билбордовата Хот 100 листа, „Girls Just Wanna Have Fun“.

 

Албумот кој беше оригинално издаден во далечната 1983 година, во своето реиздание би требало да се појави утре (1 април), а ќе го носи насловот „She’s So Unusal: A 30th Anniversary Celebration“. По повод повторното објавување на албумот, пејачката одлучи да ја сподели со јавноста демо верзијата на нејзиниот голем хит, кој своевремено ѝ донесе и номинација за престижната награда Греми. „Еволуцијата“ на песната преку демо снимки, како и оригиналната верзија можете да ги слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑