Аудио 1653540_264678620359724_1091456963_n

25 февруари, 2014

„Since I Saw You Last“ е новиот сингл на Гери Барлоу

Познатиот британски музичар Гери Барлоу, по пауза од 14 години, во ноември минатата година го објави својот трет студиски албум насловен „Since I Saw You Last“, кој го најави со темата „Let Me Go“, како и дуетот со неговиот постар колега и идол Елтон Џон, песната „Face To Face“. Темата по која е насловен самиот албум денеска беше најавена како трет сингл, кој веројатно наскоро ќе добие и свое видео издание. Околу минута и половина од оваа песна можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑