Концерт 941491_557127531032829_2000230027_n

10 ноември, 2013

Симпл Мајндс со концерт во Скопје

Легендарниот шкотски рок бенд Симпл Мајндс во рамките на актуелната светска турнеја, по настапите во лондонската О2 арена, Манчестер Ман арената, париски Зенит, Хајнекен мјузик хол во Амстердам и дурги, на 5-ти март следната година ќе одржи концерт во комплетно реновираниот СРЦ „Кале“ во Скопје. Бендот ќе пристигне во следната постава: Џим Кер (вокал), Чарли Брчил (гитара и клавијатури), Мел Гејнор (тапани), Енди Гилеспи (клавијатури), Џед Грајмс (бас гитара) и Сара Браун (придружен вокал).

Во рамките на турнејата насловена „Greatest Hits“ бендот ќе ја потсети публиката на своите најголеми хитови како што се „Don’t You (forget about me)“, „Promised You A Miracle“, „Waterfront”, „Alive and Kicking“, „Glittering Prize“, „All The Things She Said“, „Sanctify Yourself“, „Someone Somewhere (In Summertime)“, „Ghost Dancing“, „Kick It In“, „She’s A River“, „Mandela Day“, „Beafast Child“  и многу други. Во својата долгогодишна кариера, Симпл Мајндс имаат издадено 16 студиски албуми, кои со својата продажба, имаат достигнато мултиплатинест тираж.

Како специјални гости, со едночасовен настап вечерта ќе ја отвори еден од нашите најдобри бендови на сите времиња, Мизар: „Ми претставува огромно задоволство да свириме со Симпл Мајндс, израснав со нивната музика, ги имав сите нивни албуми и учев од нив. Тој настан ќе биде и добар повод  да го представиме новиот албум на Мизар” – изјави Горазд Чаповски.

Продажбата на влезници започнува утре, понеделник (11-ти ноември) во 09:00 часот преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com

Влезниците ќе бидат поделени во неколку категории:

Партер – стоење – 900 денари (14,60 евра)

Трибини – седење – 1000 денари (16,25 евра)

Трибини – Golden Seats (нумерирано седење) – 1200 денари (19,50 евра)

„Околу цените на влезниците нема ништо да коментираме… само ќе кажеме дека тие се двојно поевтини во Скопје отколку на концертот што Авалон го организира еден ден предходно во Загреб, каде цената е од 28 до 31 евро.“ – велат од Авалон продукција, кои стојат и позади овој концерт. Во продолжение погледнете го промотивното видео за актуелната турнеја „Greatest Hits“.



Врати се горе ↑