29 декември, 2015

Симона со нов сингл и видео запис пред празниците

Симона Попоска е доста активна периодов, па предновогодишно го промовира новиот сингл и видео запис насловен „Јас не те сакам“. Со новата песна и многубројните новогодишни настапи заедно со диџеј Ерик Фокс, Симона ја завршува доста успешната 2015 година. Автори на новиот сингл се Јован Јованов (музика), Иван Јованов (аранжман) и Елвир Мекиќ (текст), екранизацијата е во реализација на „Томато продукција“, во режија на докажаниот Бане Поповиќ, а се снимаше во „Twins Kitchen & Wine“.

За стајлингот на Симона се погрижи креаторката Александра Вибразиони и „Најк НТЦ“, шминка и фризура Бобан Тодоровски, а посебна благодарност до салон за убавина „Афродита ЕС“ и фитнес центар „Титаниум“. Симона се појавува во неколку уникатни стајлинзи со кои остава различен печат, а како изгледа и звучи „Јас не те сакам“, можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑