Македонија 12248729_10207909526285175_1672924776_n

13 ноември, 2015

Симона Попоска со вицешампионска позиција на „Скопски фестивал 2015“

Симона Попоска го освои второто место на традиционалниот „Скопски фестивал 2015“, кој се одржа синоќа во арената „Метрополис“. Уште едно нејзино учество на фестивал крунисано со награда.

„Публиката кажа сè! Посебно драга награда бидејќи доаѓа од гласовите од публиката, онаа публика која е постојано присутна на нашите настапи со Ерик Фокс низ Македонија, како резултат на нашата макотрпна работа. Уште еднаш едно големо благодарам до сите што гласаа за бр 9,“ ни изјави Симона.

Автори на песната „Сеедно е“ се: музика и текст на Горјан Стојановски и аранжман на Никола Автовски. „Оваа ми е прва, сосем случајна соработка со авторот Горјан, мој долгогодишен пријател со кој сме гостувале заедно на многу настани“, додаде Попоска.

Симона на сцената ја придружуваа танчерите од балетското студио „Прима данца“ и познатите Илија Карадаковски и Боби Трајковски, а за нејзиниот изглед се погрижија модното ателје „ИВА“, шминка и фризура Бобан Тодоровски и козметичкото студио „Афродита ЕС“.

 

Пејачката веднаш продолжува со следните активности, па веќе започна со снимање на нејзиниот нов видео запис за песната насловена „Јас не те сакам“, кој се надеваме ќе го видиме наскоро.



Врати се горе ↑