Аудио 11694413_925769450798737_808466363_n

4 јули, 2015

Симона Попоска со уште една нова песна и фотосесија

Иако сè уште е актуелна со неодамна објавената „Сакам сè“, која пристигна заедно со видео запис, Симона Попоска деновиве претстави уште една нова песна на македонски јазик. Во радискиот етер веќе можеме да ја слушнеме  темата насловена „Сè ќе помине“, чиј комплетен автор е диџејот и продуцент  Ерик Фокс и која е во ритам својствен за дуото (вокал клуб), додека текстот го напиша пејачката и текстописец  на многу хитови – Магдалена Цветковска.

 

Фотосесијата ја изработи нашиот познат фотограф Алекс  Јакимовски, во соработка со стилистот Бобан Тодоровски, а се снимаше рано наутро на изгрејсонце во околината на Скопје.

Дуото работи во полна пареа ова лето, како на нови песни, спотови и подготовки на нивниот прв албум, така и со настапите насекаде низ државава каде можат да се видат буквално насекаде. Така и викендов, нивните фанови вчера се дружеа со нив во „Скопје сити мол“; а вечерва (сабота, 4 јули) ќе можат да ги слушнат на манифестацијата „Бела ноќ“ на градскиот плоштад во Охрид, која ќе започне во 21 часот.



Врати се горе ↑