Македонија 11268061_1396191160711755_166118389_n

5 јуни, 2015

Симона Попоска со нова песна и видео запис за „Сакам сè“

Атрактивната пејачка Симона Попоска, после англискиот фанки хит „If You Want My Love“ со Ерик Фокс, на јавноста ѝ се претставува со нова македонска песна заедно со видео запис. Песната и спотот со наслов „Сакам сè“ е комплетно авторско дело на „Скај ај ентертејнмент“ (Sky Eye Entertainment).

Видеото се снимаше низ неколку интересни локации низ земјава, а интересно е да се напомене дека атрактивната Симона за прв пат го покажува нејзиниот талент за танц. Партнер во видео записот ѝ е познатиот танчер Илија Карадаковски. „Се подготвувавме напорно за спотот,  танцот  и играњето на сцена се неизбежен дел од моите настапи затоа посетувам и часови по танц, а кондициски се одржувам и телото го оформувам во фитнес центарот ’Титаниум’“, вели пејачката. Во спотот менува неколку стајлинзи за кои се погрижи нејзиниот стилист кој ја следи буквално секаде и на сите настапи – познатиот Бобан Тодоровски, за модните додатоци се погрижија Наташа Гулевска и Симона Тасева, а за фотографиите Алекс Јакимовски.

После речиси 24-часовното снимање, видеото се очекува да биде готово за некои десетина дена. Следно што се очекува од сексипилната Симона е нова фотосесија, многу песни и на англиски и на македонски и, се разбира, многу настапи во и надвор од државава… До излегувањето на видео спотот уживајте во фотографиите од самото снимање.



Врати се горе ↑