Аудио

12 јули, 2016

Симона Попоска со нов летен хит

Пејачката Симона Попоска, позната по енергичните сценски настапи на фестивалите од каде што не заминува без некоја награда, промовира уште еден нов сингл на македонски јазик со наслов „Не ни е крив никој друг.

По макфестовската „Ќе најдам друг“, второпласирана на овогодинешниот фестивал, и Знам дека лажеш“, која веќе се врти во телевизискиот и во радиоетерот, време е за летен хитНејзината енергија не запира, овој пат заедно со нејзиниот соработник – продуцентот и диџеј Ерик Фокс подготви песна на македонски јазик која е во малку во поразличен поп-регетон стил, кој досега не сме го чуле во нивните заеднички песни.

„Летото и летните забави се во тек, па време е за летна песна која се надеваме дека ќе им се допадне на нашите фанови, со кои се дружиме постојано летово по локалите. Песната беше најавена на англиски јазик, но мораме да признаеме дека текстот на македонски многу подобро легна на песната“, изјавија Ерик и Симона.

Автор на музиката и на аранжманот е Ерик, додека текстот го напиша Милан Миланов.

 



Врати се горе ↑