Галерија 10423753_632781390173611_6071222414290701690_n

27 септември, 2014

Симона Попоска снимаше видео запис за новата песна „Не е најдобро“

Атрактивната пејачка којашто е дел од дуото „Саунд Месинџерс“ заедно со диџејот Ерик Фокс, Симона Попоска деновиве сними нова самостојна песна на македонски јазик. Станува збор за нумерата „Не е најдобро“, за која направи и видео запис.

После макфестовската ’Како да заборавам’, повторно снимив песна на македонски јазик која е дело на Зоран Алексиќ. Снимивме и спот, во изработка на ’Томато продукција’, снимањето помина одлично во многу позитивна атмосфера и едвај го чекам крајниот резултат“, вели младата пејачка. Дека задоволството од оваа соработка е обострано го докажува и фотографијата што Бане-Томато ја постирал на фејсбук под која ја нарече „македонската Анџелина Џоли“.

За стајлингот во видеото се погрижила креаторката Александра Митковска, а за шминката и фризурата заслужни се вештите раце на стилистот Бобан Тодоровски: Мојот стилист Бобан, како и секогаш, повторно е задолжен за мојот изглед. Тој знае што сакам, одлично соработуваме, ме следи на сите мои настапи и јас потполно му се препуштам“, додаде Попоска.

Песната заедно со видео записот ќе биде промовирана во музичкиот етер за десеттина дена. Паралелно, Симона и Ерик работат и на песните на англиски јазик, во моментов се актуелни со хитот „Endless Love“, за која исто ќе се снима спот.

Снимија и нова заедничка фотосесија, а се доста активни исто и со нивните настапи по ноќните клубови и денските шеми во кафулињата во Скопје и низ цела држава.



Врати се горе ↑