Галерија 10885343_684301505021599_3921487133794806116_n

23 декември, 2014

Симона Попоска најавува нова песна на македонски јазик

По повод новогодишните празници, Симона Попоска и оваа година ги почести своите фанови со новогодишна фотосесија. За нејзиниот изглед  се погрижија  стилистот  Дадар (шминка и фризура), Ивана Заковска (нокти) и рачно изработениот накит на Наташа Гулевска, специјално изработен  за пејачката. Со оваа фотосесија Симона ја најавува соработката со Наташа со тоа што стана заштитно лице за нејзиниот накит. Фотографиите ги изработи фотографот Јанус.

Атрактивната  пејачка на почетокот на новата година ја најавува и нејзината нова песна и спот  на македонски јазик која ќе биде дело на Иван Јованов и студио Јованови. 2014 година беше повеќе од успешна и исполнета со доста настапи во и надвор од државата, од нив би ги издвоиле турнејата во Австралија и Швајцарија, настапот со Ерик Фокс на „Мис глоуб“ во Албанија, наградата на „Макфест, соработката со фитнес центарот „Титаниум“, многу други соработки, проекти, хитови…

„Си посакувам пред сѐ да сум здрава, тоа е најважно и се разбира 2015та да ми биде уште поуспешна на секое поле, а најмногу сакам да го издадеме албумот (The Sound Messengers)“ , ни изјави пејачката.

Сите оние кои одлучиле Новогодишната ноќ да ја поминат на градскиот плоштад  во Скопје ќе имаат можност да се забавуваат со диџеј Ерик Фокс и Симона, кои ќе ја имаат честа да ја отворат големата Новогодишна  прослава.



Врати се горе ↑