Македонија simona so plaketa

9 јуни, 2014

Симона Попоска, наградената дебитантка на Макфест со најмногу прегледи на ЈуТјуб

Атрактивната пејачка Симона Попоска од фестивалот „Макфест 2014“ си замина со награда за најдобар дебитант. Таа изјави дека ѝ е посебно драга затоа што прв пат ја имаше честа да застане на макфестовската сцена во придружба на ревиски оркестар кој ѝ даде максимална поддршка и позитивни вибрации за време на пробите и што добива позитивни критики од академски музичари.

На само еден ден по големото финале во Штип, од сите изведувачи на овогодишното издание на фестивалот, Симона успеа да добие убедливо најмногу прегледи на ЈуТјуб каналот.

Иако Ерик Фокс до сега има учествувано со свои ексклузивци и порано на Макфест, како што се Влатко Лозаноски и Александар Тарабунов со кои има освоено 4 големи награди: Награда за дебитант и прва награда за Лозано на Макфест 2008, втора награда за Тара во 2009 и најслушана песна меѓу два фествала за истата композиција во 2010 година. Тој изјави дека оваа му е најдрага бидејќи за прв пат се појавува како автор на песна и најави дека оваа нумера и своја дабстеп верзија соодветна за претстојните летни денови и настапи по клубовите.

 Во продолжение уживајте со одличната макфестовска балада „Како да заборавам“.

 

 



Врати се горе ↑