Македонија SIMONA VIBER GIRL

20 јануари, 2015

Симона Попоска како „Вајбер“ девојка

На покана на основачот и извршен директор на „Вајбер“ (Viber), Талмон Марко и во организација на министерот за информатичко опшеств, Иво Ивановски, диџеј Ерик Фокс и Симона Попоска имаа чест да настапат и забавуваат присутните на првата ексклузивна „Вајбер“ забава во Македонија, која се одржа во клубот „Станица  26“ во Скопје.

На забавата, која траела до раните унтрински часови, присустувале основачот и извршен директор на компанијата Талмон Марко и неговите соработници, директорот за технолошки развој на „Вајбер“,  Игал Магазник  и  Хирато Шинатро од компанијата за он-лајн трговија „Ракутен“.

Атрактивната пејачка и една од најдобрите вокали кај нас, Симона, како и на секој настап, така и за оваа пригода имаше специјален комплетен стајлинг, едноделен костим кој го оцртува и истакнува згодното тело на пејачката, во виолетова боја соодветна на бојата на компанијата и накит специјално изработен за оваа пригода од вештите раце на дизајнерката  Наташа Гулевска, за шминката се погрижи мејкап артистот Бобан Тодоровски.



Врати се горе ↑