19 јуни, 2015

Симона Попоска го претстави видео записот за „Сакам сè“

Симона Попоска го претстави својот нов сингл и видео запис насловен „Сакам сè“, кој е комплетно авторско дело на „Скај ај ентертејнмент“ (музика и аранжман – Зоран Алексиќ и текст – Рената Кралевска) и режисерот Илија Тодоровски. Видеото се снимаше дел студиски и на една интересна локација во близина на Кавадарци. Во видеото Симона  го покажува нејзиниот талент за танц заедно со нејзиниот партнер во спотот, нашиот  познатиот  танчер Илија Карадаковски.

Се подготвувавме напорно за спотот,  танцот  и играњето на сцена се неизбежен дел од моите настапи затоа посетувам и часови по танц, а кондициски се одржувам и телото го оформувам во фитнес центарот ’Титаниум’“, вели пејачката. Во спотот менува неколку стајлинзи за кои се погрижи нејзиниот стилист кој ја следи буквално секаде и на сите настапи – познатиот Бобан Тодоровски, за модните додатоци се погрижија Наташа Гулевска и Симона Тасева, а за фотографиите Алекс Јакимовски.

Заводливата Симона е еден добар пример кој докажува дека без премногу голотија може да се изгледа секси и атрактивно на сцена, а како изгледа видео записот за „Сакам сè“, можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑