13 октомври, 2014

Симона Попоска го претстави видео записот за „Не е најдобро“

Симона Попоска  го промовираше видеото за нејзината најнова песна на македонски јазик насловена „Не е најдобро“, која е авторско дело на Зоран Алексиќ. Видео записот го реализираше „Томато продукција“, во режија на Бане Поповиќ.  Во спотот акцент е ставен на сексипилната и атрактивна пејачка и нејзината женска сензуалност, докажувајќи дека и без голотија може да се биде заводлива и секси. За тоа да изгледа така се погрижија креаторката Александра Митковска – Вибрациони со нејзините уникатни креации и мејк-ап артистот Бобан Тодоровски.

Видео записот за „Не е најдобро“ веќе ја доживеа својата телевизиска промоција, а Вие можете да го погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑