Аудио 22281243_1682594488449559_1092983765_o

6 октомври, 2017

Симона Попоска е „Сама“

Есента со сите нејзини убавини за пејачката Симона Попоска е вистинското време за промоција на новата песна. По мала пауза, таа се враќа со емотивната балада насловенаСама“, која е дело на Иле Спасев (музика и аранжман) и Даниела Хаџи -Тоневска (текст), а придружните вокали ги отпеа Панче Касапски.

22290562_1682594498449558_1521914276_n

За оваа песна, со која пејачката требаше да се натпреварува на годинашниот „Макфест 2017“, но не можеше да учествува од оправдани причини, наскоро се очекува и нејзина екранизација.

22290123_1682594491782892_1047765714_n

„Освен видео, уште сега слободно можам да најавам за брзо време уште еден сингл во сосема поразличен стил од овој“, ни истакна Симона, а додека го очекуваме новото видео, слушнете како звучи „Сама“. Уживајте!



Врати се горе ↑