Видео

8 септември, 2018

Симона ја претстави својата „Победа“

„Ти си моја победа“ е насловот на новата песна на Симона Попоска, чие видео својата премиера ја доживеа во четвртокот, на 6 септември. Ова комплетно авторско дело на хитмејкерот Роберт Билбилов веќе се врти по македонските радија, а како што вели Симона, станува збор за „нешто поразлично и направено со голема љубов и труд“.

Драги мои , со многу труд и љубов го изработивме ова дело ! Нешто поразлично и слатко , благодарност до @…

Gepostet von Simona Popovska am Donnerstag, 6. September 2018

„Драги мои, со многу труд и љубов го изработивме ова дело! Нешто поразлично и слатко, благодарност до Роберт Билбилов, кој е заслужен за заразните мелоди и Андреј Ѓоргиевски, кој се погрижи за видеото и ги искористи максимално убавините од мојот роден град! И секако, благодарност до целиот тим кој застана зад мене“, напиша пејаччката претставувајќи го своето ново музичко парче, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑