Аудио GWM-Eric&Simona (3)

2 декември, 2015

Симона и Ерик Фокс со нов автомобил и две одлични преработки на светски хитови

Младата и атрактивна македонска пејачка, Симона Попоска, со познатиот диџеј и продуцент Ерик Фокс, кои на македонската јавност и се познати под името „Саунд месинџерс“ (The Sound Messengers) во иднина ќе бидат заштитни лица на македонскиот импортер за програмата на кинескиот производител Great Wall, компанијата „Толту моторс“.

За извонредниот успех на Симона Попоска, која блесна во полн сјај на македонската музичка сцена, многу се прераскажува во последно време на естрадата и медиумите. Младата поп пејачка пријатно ја изненади публиката со својот настап на неодамна завршениот „Скопски фестивал 2015“, каде го освои второто место, зад победниците „Ај кју“, со што потврди дека се работи за навистина перспективна музичка ѕвезда. Истото се докажува и со наградата како најдобар дебитант која ја освои во 2014 година на „Макфест“. Многумина веќе по нејзините два извонредни хита „Како да заборавам“, а потоа и „Не е најдобро“, најавија блескава кариера за младата пејачка, потоа и извонредниот успех во арената „Метрополис“, каде во целост ги освои срцата на публиката во салата и јавноста која гласаше преку телефон. Симона не крие дека за овој нејзин молскавичен успех стои Ерик Фокс, кој се погрижи за нејзин комплетен настап на македонската музичка сцена, со оглед на неговото присуство и искуство на истата. Покрај соло хитовите на Симона, двајцата заедно најдобро се прославија со „Love Мe“ и „Endless love“, a за нив велат дека се нов бран на урбаниот звук, со совршен спој на денс, еурохаус музика и силен вокал.

Симона се пробива на пазарот, па има мала симбиоза со нејзината нова улога како заштитно лице на „Толту моторс“. Кинескиот гигант Great Wall, веќе неколку години се обидува на свој начин да ги освои европските купувачи, посебно од моментот на поставувањето на темелите на филијалата на брендот во Ловеч, во соседна Бугарија. Кинезите ги освојуваат со магична моќ европските клиенти, како и Симона своите фанови! Нема сомневање за успешниот настап на Great Wall, особено на овие простори своја голема заслуга за сето ова има и „Толту моторс“, кој е генерален застапник за кинескиот бренд освен за пазарот во Македонија и во оние за Црна Гора, Косово и Албанија.

Согласно договорот Симона и Ерик во иднина на своите настапи ќе го промовираат Great Wall, кој ќе биде составен дел од „Саунд месинџерс“.

 

Симона Попоска сними преработка на хитовите „Focus“ од Аријана Гранде и „How Deep Is Your Love” од Келвин Харис

Симона Попоска е придружувана од клавијатури од Иван Јованов, видеото е дело на Алекс Јакимвски, a за студискиот изглед на Симона се погрижи како и секогаш стилистот  Бобан Тодоровски и „Афродита ЕС“. Преработките на Симона и Иван се најдоа и на „Yahoo News“ и „Rumble“, а како звучат овие два хита во изведба на Симона можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑