Галерија

27 септември, 2016

Симона го закочи сообраќајот во центарот на градот

Во кратка розова сукњичка нашата пејачка Симона Попоска, или нагалено како што милуваат да ја нарекуваат МонБонБон, го закочи целиот сообраќај во центарот на градот. Не станува збор за некаков сообраќаен прекршок, туку автомобилите беа стопирани поради новата фотосесија на пејачката.

14489544_1217522494956763_727996417_o

Фотосесијата ја работеше фотографот Зоран Зонде Стојановски, заедно со тимот стилисти предводен од креаторката Ива Спасовска, која специјално ги изработи креациите за фотосесијата, во чии креации ја гледаме пејачката и на нејзините настапи, мејкап артистот Бобан Тодоровски и Ивана Заковска. Забележливо е дека Симона веќе има изградено свој стил и печат на поп сцената.

14455801_1217522761623403_2114660710_o

Во моментов пејачката со својот соработник Ерик Фокс ја подготвуваат својата нова песна на англиски јазик, за која комплетен автор е самиот Ерик. Најновото од „Саунд месинџерс“ е нивниот нов веб сајт каде што ќе можете да ги дознаете сите информации, видеа од настапи и фотографии за Ерик и Симона.

14466330_1217522684956744_327530833_o

Благодарност до Дејан Станојевич, Перо Здравкоски и Стефан Кундески и „Сенс адверт“(www.sensadvert.net)Уживајте во фотографиите, додека цела фотосесија можете да ја погледнете на веб сајтот thesoundmessengers.com.

14438796_1217522468290099_511364824_o



Врати се горе ↑