Аудио Tamara-TaznaLjubovSrekjnaPesna

26 јуни, 2014

Симнете ја макфестовската „Тажна љубов, среќна песна“ на Тамара

Mакфестовска песна на Тамара Тодевска конечно ја доби и својата студиска верзија. „Тажна љубов, среќна песна“, сега може да се слушне и на квалитетно аудио во кое во полн сјај може да се чуе уште едно од маестралните дела на триото Тодевска, Џамбазов и Билбилов. Оваа прекрасна композиција која вреди да ја имате во Вашата музичка збирка, можете да ја симнете ако се упатите на следниот линк.

Со побрзиот ритам на „Макфест 2014“, Тамара го најави активното и работно лето кое започнува вечерва со настапот во новиот скопски ноќен клуб „Рингишпил“. Во текот на јули и август таа ќе настапува и на сите поголеми манифестации низ земјава, меѓу кои и „Пиво Фест“ во Прилеп и „Пиволенд“ во Скопје.

Како збогатување на летната програма организирана од Министерството за култура во соработка со Горила продукција неколку општини во Македонија, пак, во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“, Тамара со свои концерти ќе настапи и на плоштадите во Берово, Крушево и Дојран. На настапите, Тамара ќе ја придружува нејзиниот бенд, составен од професионални и квалитетни музичари, со кои секојдневно работат на нејзиниот материјал.



Врати се горе ↑