Македонија

9 октомври, 2018

Симеон Коруноски специјален гостин на бугарскиот фестивал „Златен костен“

Симеон Коруноски ќе настапи како специјален гостин на годинашното издание на фестивалот „Златен костен“ во Петрич, соседна Бугарија, кое ќе се одржува на 12 и 13 октомври. Талентираниот кичевчанец се враќа на оваа фестивалска сцена по минатогодишната победа со темата „Најмила“, со која ја освои и наградата за најдобар дебитант на „Охрид-фест 2017“.

Голема чест ми е што ќе настапувам како специјален гостин, оваа година на меѓународниот фестивал "Златен Кестен" на 12 и 13 октомври во Петрич,Бугарија. 😀 Can't wait 😁

Gepostet von Simeon Korunoski am Montag, 8. Oktober 2018

Инаку, Коруноски е дел од новиот бран македонски музички надежи кои изминативе години одлично ја освежија нашата музичка сцена. Публиката го запозна како учесник во „Кастин талент шоуто“ за првиот македонски мјузикл „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески, а потоа следеше и одличната соработка со битолскиот диџеј и продуцент Кортекс за темата „Don’t You Know“, како и летниот хит „Каде сме“.

Тој годинава дебитираше и на макфестовската сцена, каде што се натпреваруваше со композицијата „На светов си сè“, за која музиката си ја напиша самиот заедно со колегата Иле Спасев, чиј потпис стои и на аранжманот, а стиховите се дело на Дејан Лилиќ.



Врати се горе ↑