Аудио

29 септември, 2017

Симеон Коруноски победи на меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Бугарија

Грандиозната сцена го осветли небото на Петрич на 23. издание на Меѓународниот фестивал за нови песни „Златен Костен“ во Бугарија. Преполниот аудиториум со млада публика, која едвај беше спречена да се качи на самата сцена, беше вистинско уживање за младиот пејач Симеон Коруноски, кој подеднакво ги освои симпатиите на публиката и жири комисијата кои му ја доделија првата награда.

22053074_10155734467304122_1518596979_n-768x511

Во конкуренција од 14 пејачи од 5 балкански држави, Симеон ја изведе песната Најмила“, комплетно дело на Владимир Дојчиновски, со која неодамна доби награда за најдобар дебитант на „Охрид фест“. 

Меѓу присутните на финалната вечер беше и бугарската ѕвезда Гери Никол, која не ги криеше своите симпатии кон Симеон.

Симеон Коруноски стана познат на македонската јавност како финалист на „Кастинг талент шоу“, каде што стигна до улога во мјузиклот „Тајно моја“, во продукција на Македонската опера и балет, во чест на Тоше Проески.

Извор и фотографии: Вистина.мк



Врати се горе ↑