Македонија

27 март, 2013

Симеон Атанасов: 16 милиони Роми од Европа ќе бидат за македонската песна

„Нашата земја веќе е победник на евровизискиот избор затоа што покажа колку ги почитува своите малцинства дозволувајќи и на Есма да пее на ромски јазик“ – вели коавторот на евровизиската „Пред да се раздени“ во интервјуто за Дневник.

„Не сакам да прогнозирам, но ќе ја повторам изјавата на Есма за странски медиум која гласи: Македонија е однапред победник на оваа Евровизија затоа што ѝ покажа на Европа колку ги почитува малцинствата што живеат овде дозволувајќи ѝ да пее на ромски, што прв пат се случува во историјата на Евровизија. Македонската песна однапред ќе биде песна на Евровизија затоа што за своја ќе ја чувствуваат 16 милиони Роми кои живеат во Европа. Има ли поголема победа за Македонија од ова.“ – вели Атанасов.

Целосното интервју во кое зборува и за првобитната евровизиска песна „Империја“, за соработката со Кирил Џајковски и претстојните планови на Есма бенд можете да прочитате на следниот линк.



Врати се горе ↑