14 декември, 2012

Силви Бенд промовираа спот за „Нова Година“

Еден од најпознатите македонски бендови кои сè уште ги пеат најголемите хитови во македонската музика, Силви Бенд деновиве го промовираа видео записот за нумерата „Нова Година“, а песната се наоѓа на нивниот шести студиски албум „Не сакам крај“, кој својата промоција ја доживеа во јуни годинава. Интересно е тоа што како гостин во оваа песна се појавува и нивната ќерка Деа Делина. Погледнете го овој одличен празничен видео запис и подгответе се за празниците.



Врати се горе ↑