22 март, 2017

„Силви бенд“ ја екранизираше својата „Љубовна приказна“

Љубовната приказна на Силвана Мучиќ-Плевнеш и на Влатко Плевнеш е инспирација за нивниот нов видео запис насловен „Љубовна приказна“.

„Спотот го снимавме во Македонската опера и балет, зад сцената и на сцената. Текстот, кој го напиша Силви, ја опишува нашата љубовна приказна, од времето кога се запознавме на Музичката академија, па до денес. Видеоприказната е, всушност, она што сме ние, глас и клавир“, изјави Влатко Плевнеш за „Вест“. Тој е автор на музиката и на аранжманот за песната.

Овие песна и спот се субвенционирани од државата според Законот за подршка на домашната музичка продукција. Во избраните песни за субвенции беше и претходниот сингл на „Силви бенд“, минатогодишниот летен хит „Не лажи ме“.



Врати се горе ↑