Настани 29403_398038699766_2448891_n

22 март, 2013

Силикон Карн на турнеја во Македонија

Во периодот од 22 – 30 март францускиот бенд Силикон Карн (SilicOn Carne) доаѓа на турнеја во Македонија. Во рамките на турнејата тројката од Дижон ќе одржи 6 концерти и ќе организира музички работилници со млади домашни музичари.

Турнејата ќе започне вечерва, 22-ри март со концерт во клубот „Вајр” во Куманово, а на 23-ти март планиран е настап во „Хавана” во Скопје. На 24-ти март составот ќе настапи во пабот „Блу” во Кавадарци, на 28-ми март во „Објектив” во Охрид, на 29-ти март во „Порта Џез” во Битола, а последниот концерт ќе го одржат на 30-ти март во „Дом на млади” во Штип. Влезот за сите концерти е бесплатен.

Силикон Карн се декларираат како алтернативен племенски рок бенд, а нивниот звук има изразени ирски и индиски влијанија. Бендот досега го има издадено ЕП-то „Hope”, а наскоро се очекува излегување на нивното ново ЕП. На концертите ќе го свират новиот материјал. Текстовите на сите песни им се на англиски јазик.

Турнејата на Силикон Карн е во организација на невладината организација Креактив, а се реализира како дел од меѓународната соработка помеѓу збратимените градови Скопје и Дижон од Франција. Идејата за турнеја во Македонија кај бендот се јави по нивниот успешен настап во Скопје во 2011 година во рамки на манифестацијата „Бела Ноќ”, а за нејзина успешна реализација придонесуваат поголем број спонзори од Франција.

Извор:МММ/фото: фејсбук фан страница на Силикон Карн



Врати се горе ↑