Видео

16 декември, 2017

Сил има празничен дует со Френк Синатра

На познатиот британски ар-ен-би и соул-пејач Сил (Seal) му се исполни сонот да сними дует со еден од своите идоли, легендарниот Френк Синатра. Тој минатиот месец го објави својот 10. по ред, студиски албум „Standards“, на кој се сместени преработки на џез-стандарди како што се „I Put A Spell On You“, „Smile“, „Luck Be A Lady“, „My Funny Valentine“ и „I’ve Got You Under My Skin“, а како бонус-нумери се додадени и празничните класици „Christmas Song (Chestnuts Roasting)“ и „Let It Snow, Let It Snow, Let It Snow“.

„Ова е албумот што отсекогаш сакав да го направам. Пораснав слушајќи ја музиката од ерата на ’Рет-пек’ (Rat Pack – Френк Синатра, Дин Мартин, Семи Дејвис Јуниор), па снимањето на овие безвременски мелодии ми беше животен сон. Ми беше огромна чест да соработувам со истите музичари кои настапувале со Френк Синатра и многу други од моите омилени уметници, и тоа во истите студија каде што оригинално се случувала магијата. Тоа беа едни од најубавите денови во мојата кариера“, изјавил Сил за новото издание.

Today, British soul legend Seal has released a duet with one of history’s most iconic artists, Frank Sinatra, via UMe. Performing the Christmas classic, “Santa Claus Is Coming To Town,” Seal and Sinatra sing side by side, in perfect harmony, creating a unique, one-off single, just in time for the holidays. The dream collaboration, granted by Frank Sinatra Enterprises, is out today, ahead of Sinatra’s birthday next Tuesday, December 12. (PRNewsfoto/UMe)

Иако не е дел од албумот, како круна на овој проект е неодамна претставениот дует со Синатра за празничната „Santa Claus Is Coming To Town“. Оригинално напишана од Џон Фредерик Кутс и Хејвен Гилеспи, песната за првпат била изведена во 1934 година, а со текот на времето ја снимиле преку 200 изведувачи.

Синоокиот шармер своевремено снимил голем број празнични песни и албуми, дел од нив отпеани и во филмовите во кои играл, како и во специјалните празнични емисии, кои во изминативе години се карактеристични за Мајкл Бубле. Сцени токму од таквите емисии се вметнати во видеото за дуетот со Сил, кој можете да го видите во продолжение. Уживајте!

И.Ј.



Врати се горе ↑