Настани 5d4f3297-1704-410c-8a3c-646f1ae6c65c

18 февруари, 2016

„Сигма“ и „Саб фокус“ го предводат новото „Екс-бејс“ засилување на „Егзит“

Водечките ѕвезди на светската бејс (bass) сцена го потврдија своето доаѓање на големата Егзит Авантура, од Петроварадин до Јаз! По впечатливиот настап на фестивалот „Си денс“ минатото лето, на „Егзит“ доаѓа британското хит-дуо „Сигма“ (Sigma), а на тврдината ќе им се придружат и џангл-реге херојот Конго Нети (Congo Natty), фуриозното руско трио „Теди килерз“ (Teddy Killerz), канадскиот бејс мајстор Рене ЛаВис (Rene LaVice) и берлинската дама на новиот реинбоу-бејс (rainbow-bass) звук, Сара Фарина (Sarah Farina)! На Јаз да биде уште потопло ќе се погрижи апсолутната драмеднбејс суперѕвезда „Саб фокус“ (Sub Focus) и неговиот Ем-си Ај-ди (MC ID), како и фамозното бристолско дуо „Мај ну ленг“ (My Nu Lang), кое доаѓа со Дред Ем-си (Dread MC). 

 

Во четврток, 7 јули, отворањето на фестивалот „Егзит“ ќе биде дополнително спектакуларно, бидејќи на главната бина доаѓа британското дуо „Сигма“, сопствениците на колосалниот хит „Nobody to Love“, кој им донесе две номинации на БРИТ наградите. Соработуваат и со најголемите ѕвезди како што се Ели Гоулдинг, Канје Вест, Палома Фејт и Кајза, а кон крајот на минатата година го објавија и албумот „Life“ со кој ги воодушевија и фановите и критиката. Вториот ден на „Егзит“, публиката ќе ја загрее феноменалната Сара Фарина, која доаѓа од берлинската диџеј сцена, а чии сетови совршено ги вклопуваат тешкиот бејс и футуристички ритам со влетувањата во аренби и ју-кеј фанк звукот. Сара овој звук кратко и јасно го опишува со терминот реинбоу-бејс (бас во боите на виножитото). На главната бина на 8 јули пристигнува и лондонскиот џангл пионер Конго Нети, повеќе познат како Ребел Ем-си. Неговиот препознатлив звук е мешавина на поп-рап со примеси на хип хоп, денс музика и реге.

Во сабота, 9 јули на главната бина, магијата пред изгрејсонце ќе ја покрене славниот канадски драмендбејс продуцент Рене ЛаВис! Една од најдобро чуваните тајни на Торонто и најбараниот диџеј на северноамериканската сцена го привлече вниманието на великаните од Би-би-си радиото, а посебно го препозна најголемиот и повеќекратно наградуваниот продуцент Енди Си, ѕвездата на овогодишниот фестивал „Си денс“! Со големата поддршка од „175 bpm“ елитата меѓу кои се и „Саб фокус“, „Сигма“ и Енди Си, основачот на „Ар-еј-ем рекордс“, Рене стана еден од најбараните диџеи на бејс музиката. Григориј Черекаев, Антон Машевски и Олег Чоловски, повеќе познати како „Теди килерз“ ќе ја разиграат публиката на главната бина на „Егзит“, во сабота, 9 јули! Познати по разновидноста, на Петроварадинска тврдина ќе го претстават миксот кој содржи драмендбејс, дабстеп, трaп и брејкбит. Откако ги воодушевија фановите со ремиксот на хитот на Скрилекс, „Make It Bun Dem“, станаа дел од престижната етикета „Ар-еј-ем рекордс“ (RAM Records), но и светски познати по бројните ремикси како што се оние за „Ragga Bomb“ на Скрилекс и „Make Those Move“ на групата „Ај ем лиџн“ (I Am Legion), која ја сочинуваат славниот хип хоп состав „Форин бегрс“ (Foreign Beggars) и „Нојжа“ (Noisia), а кој дури шест недели беше на 1. место на Битпорт листата!

Водечкиот дабстеп и драмендбејс продуцент „Саб фокус“, заедно со ем-си Ај-ди, доаѓаат на главната бина на фестивалот „Си денс“ во петок 15 јули, со едни од најпознатите хитови како „Rock It“, „Follow The Light“, „Last Jungle“ и „Out of The Blue“. Тој соработуваше со најголемите ѕвезди и направи ремикси за „Продиџи“, „Дедмаус“, „Емпајр оф д сан“ и Дизи Раскал, покрај задолжителните настапи на најголемите светски фестивали. Истата вечер, на главната бина на Sea Dance фестивал пристигнува и славното бристолско дуо  „Мај ну ленг“, кое го сочинуваат бејсерите Томи (Tommy) и Џемо (Jammo), а на кои на сцената ќе им се придружи и Дред Ем-си. Вртоглавиот успех на музичката сцена го остварија благодарение на мајсторски вештата фузија на хаус, гараж и џангл ритми со препознатливите повишени вокали комбинирани со тешките басови. Со новите изданија на пат и однапред закажаните датуми на турнејата за која веќе се бара влезница повеќе, „Мај ну ленг“, со нивната неизбежна „Блек батер“ екипа, продолжуваат со музичката умешност да ги освојуваат фановите ширум светот.

Фестивалот „Егзит“ ќе се одржи од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина, а потоа Езгит Авантурата патува на Јадранско море поради третиот фестивал „Си денс“ од 14 до 16 јули. Настапите веќе ги потврдија Ellie GouldingBastilleWiz KhalifaDimitri Vegas & Like Mike, Lost Frequencies, Robin Schulz, Nicky Romero, StormzySolomunAndy C,Anti-Flag, At the Gates, Cock Sparrer, Disciples, Hernan Cattaneo b2b Henry Saiz, James Zabiela, Mind Against, Modestep – DJ Set, Sigma DJ Set, Sub Focus & ID – DJ Set, Wilkinson – DJ Set Feat. MC Ad-Apt, Zomboy, Antigone, Borghesia, Congo Natty, DJ Hype, Dub Pistols, Feder, Francois X, Ivy Lab, Kensington, Ms. Dynamite, My Nu Leng & Dread MC, Rene Lavice, Sam FeldtSarah Farina, Shlømo, Sub ZeroTeddy Killerz и Tommy Four Seven.

Влезниците за „Егзит“ се во продажба по цена од 3.599 денари, а за „Си денс“ од 2.220 денари, додека целата Егзит Авантура чини само 4.250 денари, што е заштеда од 60% во однос на финалната цена. Во Македонија овие влезници, како и камп-влезниците, се достапни преку www.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).



Врати се горе ↑