13 јули, 2013
Сиги со преработка на песна од Слаткаристика
„Ремиксот веќе беше направен од Iwayo за концертот на Слаткаристика – Отварање, Марко ме праша дали можам брзо да рецитирам на песната и дали сакам да направам ремикс… со оглед на тоа дека ТОП ми е омилена песна од првиот албум одма го прфатив предизвикот!“ – коментира Сиги за новото дело. Видеото е снимано на настап на Слаткаристика во дискотека каде Сиги се појавува како гостин и иако ја промовираат песната т.е. прв пат ја изведуваат, луѓето реагираат добро како да знаат дека се снима видео. Снимано е од страна на Кристијан Теодоров, а обработено од Филип Пауновски. Видеото можете да го видите горе.
Сиги е дел од групата „Токсиколози“ кои можете да ги следите на Фејсбук и на ЈуТјуб.