19 февруари, 2013

Сиги најавува албум со „Chains Off“

Новата 2013-та многу култури ја предвидуваат како година на промени и новитети. Да почнеме со релативно новата групација „Токсиколози“ од која се дел Сиги, Кацар и Џоле. Под мотото „Пушти Глас“, ви претставуваат ново видео на Сиги, со кое артистот го најавува својот втор музички албум под наслов „Рап Работам“. Видеото е снимено за песната „Chains Off“, дел од меѓународен НЕ-владин проект – „Youth in Action“ – Epinal, France (2012), во соработка со македонската НЕ-владина организација „Млади за Европа“ (Youth for Europe). Интересниот момент во музичкото видео, покрај француските локации и странските музички изведувачи кои гостуваат на песната, е пораката која авторите ја шират.

„Chains off and it’s game on, set me free and let me be what I wanna be, see what I wanna see“ гласи рефренот на англиски јазик, изведен од страна на Psylle, млад и перспективен пеач со неверојатни гласовни способности кои воедно беше и инструктор по пеење на проектот во Франција.  Сиги како македонски рапер, настапува на мајчиниот јазик (нормално), каде ја опишува позицијата на младите во нашата земја кои се изложени на непотребен притисок од начинот на кој функционира овој систем. Тоа беше целта на меѓународниот проект во Франција, тоа е и целта на Сиги и „Токсиколозите“. Музиката и аранжманот се на Нино Васков, додека текстот е на Сиги и гостите Psylle и младиот Tonton.



Врати се горе ↑