Настани 1377586_10152281393548975_108130500_n

10 декември, 2013

Сигет повторно меѓу најдобрите 10 во Европа!

European Festival Awards штотуку ја објавија потесната листа најдобри фестивали за 2013! Во изборот учествуваа повеќе од 360 фестивали од вкупно 34 европски земји, а Сигет фестивал е меѓу првите 10 во вкупно три категории!

Европските Фестивалски Награди во организација на реномираните YOUROPE и Eurosonic Noorderslag се најпрестижните признанија на европската фестивалска сцена денес. Одлуките се донесуваат врз основа на добиените гласови од јавното гласање на публиката и гласовите добиени од стручното EFA жири составено од новинари, букинг агенти и промотери. 620,000 ентузијасти – посетители на фестивали гласаа за своите омилени фестивали, а Sziget Festival, MasterCard Balaton Sound, VOLT Festival и B.my.Lake се меѓу првите 10 во својата категорија.

Сигет е во најтесниот круг на 10 најдобри големи фестивали (да потсетиме дека во 2012 беше прогласен за Најдобар голем фестивал во Европа), повторно е и меѓу десeтте омилени фестивали на самите музички ѕвезди, влезе и во 10 најдобри во категоријата Фестивал со најдобра музичка програма, а во својата програма имаше вкупно 5 изведувачи од листата најдобриспоред EFA вклучувајќи ги BlurNick Cave & The Bad Seeds и Editors кои се номинирани за Хедлајнер  на годинатано и Woodkid и Skip&Die номинирани за Нов артист на годината.

Конечните резултати ќе бидат објавени на 15-ти јануари 2014 година, во рамките на церемонијата European Festival Awards чиј домаќин и овојпат ќе биде фестивалот Eurosonic Noorderslag во Гронинген, Холандија.

Тимот на Сигет веќе интензивно работи на програмата на идното издание на Островот на слободата, па не заборавајте да не следите редовно затоа што наскоро ќе објавиме нови интересни информации.

Да потсетиме дека продажбата на влезниците по лански цени завршува на 31-ви декември!



Врати се горе ↑