Настани siget

19 март, 2014

Сигет НВО остров – повик за учество на невладини организации‏

Сигет Културен Менаџмент објави повик за учество на невладини организации од Европа на овогодишното издание на фестивалот Сигет кое ќе се одржи во Будимпешта од 13 – 18 август 2014. Може да аплицираат сите здруженија и фондации кои се активни најмалку година дена, а делуваат на полето на едукацијата, процесите за интеграција, превенција или решавање на проблеми кои се однесуваат на популацијата од 16 до 35 години.

Доставените предлози за учество мора јасно да ја демонстрираат социјалната ангажираност на апликантот и да бидат интересни за посетителите. Предност ќе им се даде на оние организации кои имаат интернационална активност и планираат да се презентираат професионално на неколку странски јазици. Пријавите доставени од физички лица, владини, профитни и политички организации, како и музички бендови нема да бидат земени во предвид.

Крајниот рок за пријавување е 18-ти април 2014, а резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 20-ти мај 2014. Повеќе детали за начинот и условите за аплицирање може да се прочитаат на следниов линк.



Врати се горе ↑