Македонија superhiks

27 јули, 2014

Сигет 2014: Суперхикс гости на Островот на слободата

Сигет и оваа година ќе има чест да презентира повеќе млади музички таленти од Европа. Оваа година се одбележува 25 годишнина од Падот на Берлинскиот ѕид, па фокусот ќе биде на трендсетерите на Берлинската сцена, но ќе се чујат и бендови од Италија, Холандија, Шпанија и многу други земји на Стариот континент, вклучувајќи ја и Македонија. 

Да се биде што поголема и што поколоритна, е главната цел на новата сцена Европа (Europe Stage), која оваа година ќе ги обедини сите поранешни Сигет сцени со европски предзнак, и е заеднички проект на Сигет фестивал, Ла Алетарнатива (L’Alternativa) и Пуљиа Саундс Италија (Puglia Sounds – Mambo Stage). На простор од над 1000 метри квадратни  ќе биде сместена голема сцена за музичките настапи на европските бендови, но и голем број работилници и активности поврзани со културните традиции на Апулија, како и широка и комфорна зона за кампување.  Музичкиот стејџ ќе биде особено посветен на млади таленти кои со својата музика го прикажуваат вистинскиот дух на Европа и мулиткултурализмот.

Суперхикс со настап на Островот на Слободата! Фестивал на европски таленти! 

На 11 и 12 август или популарно наречени Денот -1 и Денот 0, токму овде ќе се одржи иYouropen Talent Festival  со настап на победниците од 15 европски земји. Станува збор за презентација на музичари кои се навистина популарни во својата земја, но им треба поддршка за нивен пробив на меѓународната сцена! Забавата ќе почнува во попладневните часови, а ќе трае до доцна во ноќта со завршница – концерти на групите од програмата  за размена на таленти од Централна и Источна Европа (Central and Eastern European Talent Exchange Program – CEETEP).

Како дел од оваа програма ќе настапат и нашите музички титани СУПЕРХИКСОва нивно трето гостување на Сигет, првпат настапија во 2002, а потоа и во 2003 година. Банда инструментале  оваа година прославува 20 години постоење, а по тој повод во април годинава излезе и ЦД изданието „Суперхикс The Best of 20 so far…“ со избор од 18 хитови кои во најголема мера ја одбележаа нивната досегашна кариера. Неодамна го објавија и синглот Мајмуни кој е дел од новиот материјал на следното студиско издание и своевидно продолжение на претходно започнатата музичка приказна за „АФРИКА“

 

 

Сцена Puglia Village

Сцената Puglia Village е сместена во една прекрасна дрвена градба, веднаш до сцената Европа, а оваа година новина ќе биде иновативното аудио- визуелно студио- лабораторија.  Овде сите Сигет музичари ќе можат да снимат своја песна со помош на професионални тон мајстори и продуценти, а потоа да ја однесат дома на ЦД издание и да ја споделат со публиката на Интернет.

Повеќе детали за програмата на сцената Европа погледнете  szigetfestival.mk/programs

www.szigetfestival.com
www.szigetfestival.mk

 



Врати се горе ↑