23 април, 2013

Сиера во секси издание во новиот видео запис „Body Party“

Американската пејачка Сиера минатата година објави неколку промотивни синглови, меѓу кои и хитот „You Got Me Good“, кој го претстави на нејзиниот роденден, а неодамна го објави и првиот сингл од претстојното петто студиско издание насловено „One Woman Army“. За нумерата „Body Party“ деновиве пристигна и видео записот, во кој се појавуваат Лудакрис и Тринидад Џејмс, како и нејзиното момче – раперот Фјучр.

Како изгледа визуелизацијата на „Body Party“ можете да го погледнете горе, а новиот албум ќе пристигне на почетокот на месец јули.



Врати се горе ↑