26 октомври, 2012

Сиера со ново видео за нејзиниот роденден

Американската пејачка со одлични танцувачки способности Сиера вчера го прослави нејзиниот дваесет и седми роденден. Денот го искористи и за промовирање на нејзиниот нов сингл „You Got Me Good“, за кој сними интересен видео запис. Нумерата е во одличен денс ритам кој нема да Ве остави рамнодушни. Таа изјави дека сака слушателите кога ќе ја слушнат песната да се чувствуваат добро, да бидат инспирирани и мотивирани да танцуваат, да бидат слободни и да љубат.

„You Got Me Good“ е еден од најавните синглови за нејзниот петти студиски албум кој ќе го носи насловот „One Woman Army“, а ќе биде пуштен во продажба на почетокот на 2013 година. До сега за овој албум се снимение единаесет песни, меѓу кои „Sweat“ и неодамна промовираната балада „Sorry“.

Сиера, како и многи други музичари, покрај музиката ја започна и нејзината актерска кариера. Таа неодамна имаше мала улога во актуелниот филмски хит „That’s My Boy“, каде што игра заедно со Адам Сендлер, а во филмот „Mama, I Want to Sing“ ја играше главната улога.

 



Врати се горе ↑