Аудио c-ib

15 јануари, 2015

Сиера најавува нов албум со „I Bet“

По пауза од две години, Сиера се враќа на музичката сцена со новиот сингл „I Bet“, најавувајќи го своето шесто студиско издание насловено „Jackie“, кое ќе го наследи албумот „Ciara“ од 2013 година. Паралелно со работата на новиот албум, пејачката се грижи за својот син Фјучр Захир Вилбурн, кој се роди на 19 мај минатата година.

Новата песна ја продуцирал Хармони Семјуелс, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑