10 март, 2015

Сиера му се одмазди на поранешниот вереник со провокативен видео запис

Одмаздата на поранешната љубов се служи ладна, и по можност во вид на одличен видео запис и уште подобра песна. Токму како што направи Сиера. Синглот I Bet“, кој американската пејачка го претстави во јануари годинава, деновиве доби и свое видео издание. Новата химна на сите пропаднати љубовни врска е инспирирана од раскинувањето со вереникот Фјучр (Future), кој е татко на нејзиниот син Фјучр Захир Вилбурн, роден во мај минатата година. Во екранизацијата на оваа балада Сиера изгледа подобро од секогаш, а како изгледа сето тоа погледнете горе.

„I Bet“ е првиот сингл од претстојното, шесто по ред, студиско издание на пејачката, кое ќе го носи насловот „Jackie“, а се очекува да излезе до крајот на годинава.



Врати се горе ↑