5 јануари, 2017

Сиа со текстуално видео за хитот „Never Give Up“

Кон крајот на ноември минатата година, австралиската хитмејкерка Сиа го претстави синглотNever Give Up, кој е дел од саундтракот на филмот „Лав“, каде што главната улога ја игра Дев Пател. Приказната го следи Сару, млад Индиец што е во потрага по своите биолошки родители откако бил посвоен од едно австралиско семејство, а во тоа му помага неговата девојка, чија улога ја игра Руни Мара.

„Never Give Up“ сега доби и текстуално видео, каде што две безлични деца со препознатливата црно-бела перика ги следат стиховите на песната што се испишуваат насекаде низ железничката станица. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

sia-never-give-up-1-1479437472-640x640

Инаку, филмот „Лав“ е номиниран за 4 златни глобуси, меѓу кои за Најдобра драма, најдобра изведба на актер во споредна улога (Дев Пател), најдобра актерка во споредна улога (Никол Кидман) и најдобра оригинална музика за филм (Волкер Бертелман и Дастин О’Халоран).

Како што е познато, златните глобуси обично се предвесници за она што ќе се случува на Оскарите, а годинава по 74. пат ќе бидат доделени в недела, 8 јануари. На номинираните во сите категории можете да се потсетите овде, а кој сè ќе биде номиниран за престижниот Оскар ќе дознаеме на 24 јануари.



Врати се горе ↑