Аудио sia1

3 ноември, 2015

Сиа објави нова песна и го закажа новиот албум за почетокот на следната година

По најавниот сингл „Alive“, австралиската пејачка Сиа денеска објави уште една песна од претстојниот, седми по ред студиски албум насловен „This Is Acting“. Станува збор за темата „Bird Set Free“, која својот поход на топ листите ќе го започне утре, 4 ноември, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Инаку, како што е познато, темата „Alive“ беше првично наменета за Адел, која се потпишува и како коавтор, но сепак на крајот ја сними Сиа, а наскоро ќе ја видиме и нејзината визуализација:

 

Во неодамнешно интервју, музичарката откри дека новото издание ќе содржи и песни напишани за други изведувачи, меѓу кои Бијонсе и Ријана. Албумот ќе биде објавен на 29 јануари следната година, а ќе изгледа вака:



Врати се горе ↑