Свет image

1 август, 2017

Сиа најави празничен албум

Ретко кој помислува на божиќните празници кога температурите се искачуваат и до 40 степени, а плажите се преполни со туристи, но кога станува збор за музичката индустрија, мора да се размислува однапред. Студените декемвриски и јануарски денови обично се дополнети со бројните божиќни класици, во различни аранжмани и стилови и во изведба на разни музички ѕвезди, а одвреме-навреме оние похрабрите ќе нè почестат со оригинални теми.

Токму таков е случајот и со австралиската хитмејкерка Сиа, која денеска го најави своето прво празнично издание во својата кариера. Сè уште неименуваниот албум ќе биде издаден под закрила на „Атлантик рекордс“, а новиот материјал пејачката ќе го подготвува со долгогодишниот соработник Грег Крстин.

Иако нејзиниот последен албум „This Is Acting“ го објави на почетокот на минатата година, Сиа е постојано присутна со гостувања и соработки со други колеги, како и со песни снимени за потребите на бројни филмски изданија, меѓу кои и актуелниот „Чудесна жена“.

 



Врати се горе ↑