Видео

16 декември, 2017

Сиа ја заокружи анимираната трилогија со „Underneath The Mistletoe“

Сиа продолжува со интересните екранизации на своите песни, а за својот прв празничен албум, „Everyday Is Christmas“, одлучи да оди чекор понатаму, па освен што ангажираше познати актери за видеото за првиот сингл „Santa’s Coming For Us“, направи и симпатична анимирана трилогија.

Приказната започна со веселата „Candy Cane Lane“, продолжи со „Ho Ho Ho“, а заврши со баладата  „Underneath The Mistletoe“. За сето тоа се погрижија Лајор Молчо и Колин Мап со екипата на „Нион кет продакшн“, а како изгледа оваа празнична приказна на Сиа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

 

Со оглед на тоа што се најде на насловната фотографија од албумот, многумина очекуваа барем едно видео со веќе редовната визуелна замена на Сиа, талентираната Меди Зиглер, но желбата засега не ни е исполнета. Сепак, двете ѕвезди можеме да ги видиме во празнично издание за време на неодамнешното гостување во емисијата на Елен Деџенерис, па за крај уживајте со одличната изведба на „Snowman“!



Врати се горе ↑