Аудио

11 ноември, 2016

Сиа ја објави соработката со Квин Латифа и Мигел

Како што Ви пренесовме неодамна, голем број познати музички ѕвезди гостуваат во микстејпот за популарниот бродвејски хип-хоп мјузикл „Хамилтон“, а сега имаме можност да слушнеме и како звучи една од поинтересните соработки на ова издание.

Станува збор за преработка на главната тема од мјузиклот насловена „Satisfied“, во изведба на Сиа и Мигел и актерката и музичарка Квин Латифа, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Австралиската хитмејкерка претходно запеала или се потпишала како автор и на бројни други песни за филмски продукции (играни и анимирани филмови), меѓу кои „50 нијанси сиво“, „Големиот Гетсби“, најновата адаптација на мјузиклот „Ени и „Ѕвездени патеки“, а летово ја воодушеви публиката со преработката на легендарната „Unforgettable“ од Нет Кинг Кол, која ја сними за потребите на анимираниот филм „Барајќи ја Дори“.

Покрај Сиа, Мигел и Квин Латифа, на микстејпот за „Хамилтон“ ќе има песни од Џон Леџенд, Кели Кларксон, Ашер, Алиша Киз, Баста Рајмс, Виз Калифа и многу други, а во продажба ќе се најде од 2 декември.



Врати се горе ↑