Аудио sia-salted-wound-videostill

30 јануари, 2015

Сиа ја објави песната за „50 нијанси на сиво“

Австралиската хит-мејкерка Сиа ја објави песната „Salted Wound“, која се најде на саундтрак изданието за филмот „50 нијанси на сиво“, од кој веќе имавте можност да ги слушнете и видите „Earned It“ од Викенд и „Love Me Like You Do“ од Ели Гоулдинг (на списокот со песни можете да се потсетите овде).

 

Покрај овој филм, познатата музичарка свој придонес даде и за други остварувања, меѓу кои се мјузиклот „Ени“ (Opportunity), „Праведник“ („Guts Over Fear“ со Еминем) и второто поглавје од светската мега-сензација „Игри на глад“, на чиј саундтрак се најде и актуелниот хит „Elastic Heart“.

 



Врати се горе ↑