Аудио с-с-п

12 март, 2017

Сиа и Пинк гостуваат во новиот сингл на „Старгејт“

Норвешкото продуцентско дуо „Старгејт“ го објави својот нов сингл насловен „Waterfall“, во кој гостуваат австралиската хитмејкерка Сиа и американската ѕвезда Пинк. И покрај тоа што тимот е активен од 1997 година, продуцирајќи хитови за речиси сите светски музички ѕвезди, оваа соработка е, всушност, прв сингл каде што „Старгејт“ се јавува како главен уметник.

Покрај „Старгејт“, како автори на песната се потпишуваат и Сиа, Дипло и Џуниор Блендер, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑