22 март, 2016

Сиа го претстави видео записот за „Cheap Thrills“

Сиа го претстави видео записот за нејзниот втор сингл од актуелното издание „This Is Acting“, темата „Cheap Thrills“, која доби и ремикс издание во кое гостува популарниот јамајкански реге и хип-хоп музичар Шон Пол. Австралиската пејачка главната улога повторно ѝ ја препушти на талентираната Меди Зиглер, која го воодушеви светот и во видео записите за „Chandelier“ и „Elastic Heart“.

Покрај тоа што е автор на песната, Сиа се погрижи и за комплетната визуализација, а во режирањето ѝ помогна Даниел Аскил. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑