27 ноември, 2014

Сиа го претстави текстуалниот видео запис за „Opportunity“

Австралиската хитмејкерка Сиа, покрај соработките со бројни колеги од музичката сцена, во изминатиов период работеше и на музиката за филмот „Ени“ (Annie), чија премиера се очекува во декември и во кој улогите ги играат Џејми Фокс, Камерон Дијаз, Кувензане Волис и други. Нејзиниот придонес за саундтрак изданието e песната „Opportunity“, која во филмот ја пее 11-годишната Кувензане, а двете верзии се одлично споени во текстуалниот видео запис кој Ве очекува горе.

„Ени“ е трета филмска адаптација на истоимениот бродвејски мјузикл од 1977 година, кој пак бил направен врз основа на комичниот стрип „Малото сираче Ени“ (1924) од Харолд Греј. Трејлерот за новото филмско остварување во режија на Вил Глак Ве очекува во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑