Аудио снешко

10 ноември, 2017

Сиа го претстави својот „Снешко“

После најавниот сингл за нејзиното прво празнично издание насловено „Everyday Is Christmas“, австралиската кантавторка Сиа претстави уште една песна од претстојниот албум. Овој пат станува збор за балада, која го носи насловот „Snowman“ (Снешко), а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

Празничниот албум „Everyday Is Christmas“ е закажан за 17 ноември и содржи вкупно 10 нумери, секоја од нив комплетно авторско дело на самата Сиа и нејзиниот долгогодишен соработник, продуцентот Грег Крстин.



Врати се горе ↑