Аудио

29 јануари, 2018

Сиа ги здружи силите со Дејвид Гета и Афроџек за ремиксот на „Helium“

Откако ја заокружи празничната сезона со анимираната трилогија од албумот „Everyday Is Christmas“, австралиската дива Сиа деновиве го објави ремиксот за темата „Helium“, која беше сместена на саундтракот за филмот „50 нијанси потемно“, а за сето тоа ги здружи силите со колегите Дејвид Гета и Афроџек. Експлозивниот ремикс е објавен како поддршка за нејзината соработка со козметичката компанија „Мек“ (MAC), за која пејачката заедно со Меди Зиглер дизајнираше кармин во црвена нијанса.

Освен што ќе се користи за промотивни цели на кампањата, сите приходи од продажбата на карминот и на песната ќе одат за хуманитарни цели, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑