Свет

3 ноември, 2016

Сиа, Џон Леџенд, Алиша Киз, Ашер и многу други на микстејпот за „Хамилтон“

„Хамилтон“ е дефинитивно еден од најпопуларните мјузикли во последно време, а за само неполни две години од премиерното прикажување, зад себе веќе има бројни награди и признанија, меѓу кои и Греми за најдобар албум од музички театар. Инспириран и напишан врз основа на биографијата за Александар Хамилтон од историчарот Рон Черноу (2004), овој хип-хоп мјузикл е дело на Лин-Мануел Миранда, кој се потпиша како автор на музиката, стиховите и сценариото.

Но, се чини дека популарноста и понатаму ќе се зголемува и тоа ширум целиот свет, а за тоа ќе придонесе новиот микстејп на кој запеаја едни од најпопуларните музички ѕвезди во моментов. Сиа, Кели Кларксон, Ашер, Виз Калифа, Алиша Киз, Мигел, Џон Леџенд, Нас и Баста Рајмс се само дел од изведувачите на 23-те песни од овој микстејп, а интересно е и тоа што после долго време повторно заедно ќе ги слушнеме и Џа Рул и Ашанти.

Дел од песните се преработки на теми од самиот мјузикл, ако и неколку оригинални теми инспирирани од материјалот. Комплетниот список со песни можете да го видите во продолжение, а се надеваме дека наскоро ќе имаме можност и да слушнеме некоја од овие интересни соработки, како на пример онаа на Сиа со Мигел и Квин Латифа.

 

1. No John Trumbull (Intro) – The Roots
2. My Shot (feat. Busta Rhymes, Joell Ortiz & Nate Ruess) [Rise Up Remix] – The Roots
3. Wrote My Way Out – Nas, Dave East, Lin-Manuel Miranda & Aloe Blacc
4. Wait For It – Usher
5. An Open Letter (feat. Shockwave) [Interlude] – Watsky
6. Satisfied (feat. Miguel & Queen Latifah) – Sia
7. Dear Theodosia (feat. Ben Folds) – Regina Spektor
8. Valley Forge (Demo) – Lin-Manuel Miranda
9. It’s Quiet Uptown – Kelly Clarkson
10. That Would Be Enough – Alicia Keys
11. Immigrants (We Get The Job Done) – K’naan, Snow Tha Product, Riz MC, Residente
12. You’ll Be Back – Jimmy Fallon & The Roots
13. Helpless (feat. Ja Rule) – Ashanti
14. Take A Break (Interlude) – !llmind
15. Say Yes To This – Jill Scott
16. Congratulations – Dessa
17. Burn – Andra Day
18. Stay Alive (Interlude) – J.PERIOD & Stro Elliot
19. Slavery Battle (Demo) – Lin-Manuel Miranda
20. Washingtons By Your Side – Wiz Khalifa
21. History Has Its Eyes On You – John Legend
22. Who Tells Your Story (feat. Common & Ingrid Michaelson) – The Roots
23. Dear Theodosia (Reprise) – Chance The Rapper & Francis and The Lights

hmltn

Извор: Idolator



Врати се горе ↑