Аудио

9 август, 2018

Сиа, Дипло и Лебринт го објавија новиот заеднички сингл „Thunderclouds“

2018 дефинитивно е година на соработки. Најголемиот дел од актуелните хитови се резултат од здружениот труд на повеќе музичари, а една од најинтересните соработки е онаа на Сиа, Дипло и Лебринт, кои заедничките синглови ги објавуваат во рамките на проектот насловен по нивните иницијали „Ел-Ес-Ди“ (LSD).

thunderclouds out now ⚡️🌩⚡️ @siamusic @labrinth #LSD

A post shared by diplo (@diplo) on

Серијата синглови започна во мај, со објавување на темата „Genius“, по која следуваше „Audio“, а денес на ред дојде „Thunderclouds“. Судејќи по фотографијата што Дипло ја објави на Инстаграм, наскоро можеме да очекуваме и официјално видео со алтер-егото на Сиа – талентираната танчерка Меди Зиглер, а дотогаш слушнете како звучи најновото од оваа интересна тројка.

 



Врати се горе ↑